fbpx

Македонскиот водител вечерва прави свадба: Прва фотографија, невестата остава без здив

Во ноќен клуб во Штип, неговиот роден град, вечерва прави свадба познатиот македонски водител Миро Кацаров.

Нашиот познат моден фотограф Стефан Соколовски ја објави првата фотографија со младенците кои навистина изгледаат одлично.

Домаќинот на шоуто „Голден карпет“ уште кога ја побара за жена саканата во Рим најави спектакуларна свадба со познати естрадни, спортски и политички имиња.

Наместо да му носат букет цвеќе, тој ги замоли гостите да донираат во специјално поставената кутија на влезот од салата, а парите ќе бидат донирани, како што напиша, за дечиња на кои им е потребна помош.

Во јуни годинава, Кацаров ја запроси Ивана на плоштадот Пантеон. Додека вилонистот Виктор Ангелов ја свиреше легендарната тема Sarà Perché ti Amo, клекна и го извади прстенот.

„Го избравме Рим како вечен град-вечна љубов. Се запознавме сосема случајно, преку наш заеднички пријател. Прифатив се’ кај неа, и она што го имала зад мене. Знаев дека љубовта ќе победи, и победи”, раскажа водителот за „Еспресо“.

Следни Објави

Цела естрада на свадба кај Миро: Каков спектакл, младенците „шизат“ на рап (ГАЛЕРИЈА)

Топ-тема на социјалните мрежи вечерва е долгонајавуваната свадба на познатиот македонски водител Миро Кацаров. Во неговиот роден Штип денеска допатува речиси цела естрада, а според фотографиите и видеата кои познатите ги споделуваат на „Инстаграм“ се добива впечаток дека гостите одлично се забавуваат. Сите го коментираат спектакуларното појавување на младенците. Наместо […]