fbpx

Падна одлука, плус пари за македонските граѓани: Исплатата почнува в понеделник, а еве кога ќе се зголемат пензиите

Во понеделник, на први јули, ќе се изврши исплатата на пензиите за месец јуни.

Редовна пензија ќе добијат над 330.000 граѓани, а овие лица наскоро ќе добијат и сериозно покачување, според најавите на новата влада.

Согласно одлуката од вчерашната владина седница, во месец септември ќе следи линеарно покачување на сите пензии во висина од 2.500 денари.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера одржа средба со Здружението на пензионерите во Велес на која подвлече дека ветувањето за повисоки пензии кое им го дале таму во 2023 година го реализирале во првите пет дена од формирањето на Владата.

„И тогаш рековме и денес сакам тоа да го потврдам, дека наша главна цел ќе ни биде нашите повозрасни сограѓани да имаат подостоинствени пензионерски денови, односно во најубавите години од својот живот да може да се чувствуваат пристојно и достоинствено, а не како што беше минатата есен и зимата, кога за жал нашите родители, дедовци, баби, наместо да ги поминуваат пензионерските денови онака како што заслужуваат, тие чекореа по улиците и плоштадите ширум Македонија, барајќи поголеми права и повисоки пензии“, истакна премиерот Мицкоски.

Следни Објави

Моника Црнокрак проговори за своето момче: Веќе четири години Виктор ѝ е најголемата поддршка

Моника Црнокрак, ќерката на познатата модна двојка Светлана и Мики Црнокрак, по професија е асистент по маркетинг, но веќе неколку години гради и успешна манекенска кариера. Таа веќе има освоено неколку титули на интернационални избори за убавина, а пошироката јавност веќе ја препознава и како водителка на естрадното шоу „Голден […]