fbpx

Парите ќе бидат префрлени в понеделник: Еве колку ќе добијат граѓаните

На први април (понеделник) ќе почне исплатата на пензиите за околу 330.000 пензионери.

Некои банки можеби и пред викендот ќе ги изненадат своите клинети со предвремена исплата на пензиите.

Македонските пензионери го очекуваат најавеното мартовско зголемување.

Се очекува дека најниските пензии да се зголемат за околу 600 до 800 денари.

Во оваа најниска група спаѓаат околу 40 отсто од пензионерите, или тука се околу 140 илјади пензионери. Нивните примања се од 12.500 до 16.000 денари, а нивното усогласување е околу 5,3 отсто.

Додека, пак, од вкупно 337 илјади пензионери, 93 илјади земаат пензија од 20 до 32 илјади денари, и сега нивните месечни прилив ќе бидат поголеми за околу 1.250 денари.

А, подобро ќе биде за оние чии пензии се од 30 до 50 илјади денари, кои ќе добијат плус 2.000 денари.

Оние кои се малку и чија месечна пензија е над 54 илјади денари, ќе можат да се пофалат со зголемување од нешто помалку од 3.000 денари.

Следни Објави

Изјави дека маж ѝ е убав како турски глумец: Еве кој е сопругот на водителката Елена

Ах, љубов Популарната радио и ТВ-водителка Елена Стојановска ретко објавува фотографии од сопругот на социјалните мрежи, но кога ќе одлучи барем на момент да го отвори семејниот албум, тоа секогаш предизвикува бурни реакции. Заштитното лице на утринската програма „Ја сакам Македонија“ која се емитува на телевизија Сител во една прилика […]