fbpx

Ова е срам и изживување: Турунџиева има важна порака до драгите наставници

Сузана Турунџиева згрме на социјалните мрежи.

Познатата пејачка, водителка и писателка го изрази својот револт од македонскиот образовен систем.

„Да оставиш тројка на крај на година на деветтооделенец со сите петки, во сите претходни години, и тоа по Изборен предмет (да појаснам: оној предмет кој ученикот го одбрал за да некој наставник има полн фонд на часови и да зема цела плата), притоа, истиот тој ученик никогаш не те навредил, не бил дрзок, непримерен или безобразен, не отсуствувал на ниту еден час, згора на се’ и за да покаже интерес му одел на тој наставник на дополнителна настава за дотичниот изборен предмет, е изживување, лечење фрустрации и комплекси и срам за целиот образовен систем. Исто така е и најлош спомен за учениците, а срам за колегите и училиштето каде таквите наставници си го вадат лебот“, пишува таа во нејзината објава на „Фејсбук“.

Турунџиева во истата објава ѝ даде и предлог на новата министерка за образование.

„Едукатори, психолози и психијатри да работат и со наставниците, а не само со учениците!“, напиша таа.

Следни Објави

Нејзината баба ја знаете сите, а сега првпат проговори за прераната смрт на мајка си

Откако прерано ја загуби ќерка си, единствена утеха за познатата македонска пејачка, водителка и мотивациски тренер Јулија Мациевска е нејзината внука. Стефанија Начевска е млада актерка која неодамна го сврте вниманието на пошироката јавност откако се појави во турската ТВ-серија „Балканска приказна“ која се снимаше во Скопје. Таа го толкува […]