fbpx

Пабло Неруда: Не заборавај да бидеш среќен

Полека умира
оној кој не патува,
оној кој не чита,
оној кој не слуша музика.
Оној кој е незадоволен со себе.

Полека умира
оној кој ја уништува сопствената љубов,
оној кој не прифаќа помош.

Полека умира
оној кој е претворен во добри навики,
поставувајќи си секој ден исти ограничувања.
Оној кој не ја менува рутината,
оној кој не се осмелува да облече нова боја,
оној кој не се осмелува да разговара со некој што не го познава.

Полека умира
оној кој бега од страста
и нејзиниот бунар на емоции,
од оние кои даваат сјај во очите,
или од напуштените срца.

Полека умира
оној кој не се менува кога е незадоволен од животот,
работата или љубовта,
оној кој не сака да се откаже од својата сигурност поради несигурност,
оној за кој истото важи и за неговите соништа,
оној кој нема да си дозволи
ниту еднаш во животот
да оди подалеку од дадениот совет…

Живеј денес, прави денес, ризикувај денес!
Не доволувај да умираш полека.
Не заборавај да бидеш среќен!

Следни Објави

Естрадата се збогува, ја загуби битката со болеста: Роби, почивај во мир!

По долго боледување, почина славниот пејач, гитарист и композитор Роби Робертсон, јави „Варајети“. Ќе остане најзапаметен како лидер на американско-канадската група The Band. „Во моментот на неговата смрт Роби беше опкружен со семејството, вклучувајќи ја неговата сопруга Џенет, поранешната сопруга Доминик, нејзиниот партнер Николас и децата Александра, Себастијан и Делфин […]