fbpx

Марко од Корчагин почина од рак, неговите последни зборови болат

Почина Марко Здравевски, поранешен ученик на скопската гимназија „Корчагин“. Тажната вест ја соопшти и познатата професорка Татјана Алексиќ.

-Секој од нас ја носи на плеќи судбината на Марко. Сите ние сме Марко, кој ни остави драгоцена порака: ,,Живејте го животот со полни гради, зграпчете го секој момент и делете го со вашите сакани“-напиша Алексиќ на „Фејсбук.

Таа пред два дена спподели уште една трогателна посвета за Марко, непосредно пред тој да биде погребан на гробиштата Петровец.

..Ќе одлета во вечноста кај Кирил, Тамара и сите наши прерано заминати чеда.. Неговата храброст да се соочи со смртоносната болест сите ќе ја паметиме. Тоа кротко момче со полунасмеано лице, ретко креваше рака на час, но знаеше да одговори кога ќе го прашаш. Знаеше и сега дека е во стапица. Знаевме сите, но сакавме последните дваесетина месеци да ја почуствува љубовта, не само на родителите, роднини и пријатели, туку и од учениците на СУГС Раде Јовчевски – Корчагин. Неговите некогашни соученици останаа крај него во Париз, до последен здив..

Ками, Бојан, Ангела, Борјан, Стефан и Гоце, му беа морална и физичка поддршка, му даваа храброст и покажаа зрелост. Му покажавте што е љубов. ,,Чекајќи го..” два пати ја игравме за него. Свесни дека е аматерска претстава, свесни дека е без уметничка вредност, напишана и осмислена од една обична учителка, свесни дека и собраните пари се чиста симболика, (доволни за една и половина хемо терапија), но исто толку свесни, дека во име на хуманост и човечка умешност испраќаме етичка порака не само до него, туку до сите генерации. Тоа се дела со уметничка вредност.

Љубовта треба да се покажува и докажува, затоа што е невидлива. Не можеш да ја видиш, исто како ни Господ. Ако некој не ти каже, покаже и докаже љубов преку дела, нема да знаеш колку си сакан. Сакавме Марко да знае, да види дека е сакан од нас. Затоа игравме за него. За наш Кирил, момчето кое што не сакаше да живее, задоцнивме. Не му ги видовме страдањата. Некој го сака животот до последен здив, но болеста го совладува. Некој се разочарува во животот и го отфрла. Некој и здрав и полн со животен елан завршува под убиствената брзина на мотор..

За Марко, Кирил, Тамара и сите наши чеда, да се освестиме и научиме да покажуваме повеќе љубов и почит еден кон друг, дур сме живи.. Да го испратиме тивко и достоинствено Марко, токму така како што тој ги живееше своите последни мигови. Последното нешто што им го кажал на своите другари, со кого делел клупа во Корчагин, било: ,,тешка е умирачкава, брат” и ,,не ми бега брдото на Петровец”. Погребот не е должност, многу повеќе е. Испраќањето покојник е морална одговорност, основна култура и емпатија кон неговите најблиски. Тагата е силно чувство, многу подолготрајно од среќата која бргу и лесно ги собира луѓето околу себе. Но човек, на мака и во тага се познава по човечноста. И по културата..

Следни Објави

Лажат! Се јави вујко ѝ на Данка, ова е вистината

Вујкото на двегодишното девојче Данка Илиќ по кое се трага веќе седум дена конечно проговори што се случувало кобниот ден од исчезнувањето, тврдејќи дека медиумите ретко пишуваат за вистината. Стефан Драгомировиќ, братот на Ивана Илиќ, мајката на исчезнатата Данка, проговори за записниците до исчезнувањето на девојчето на 26 март во […]