fbpx

„Моите Македонци никогаш не разочаруваат“: Прво огласување на Омар Џафероски по напуштањето на „Ѕвездите на Гранд“

Омар Џафероски, македонскиот натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“, пред два дена ги воодушеви присутните со својот настап на славеничкиот концерт на општина Кисела Вода.

Со талентираниот пејач на истата сцена за микрофонот се фатија и Андријана Петрушовска, минатогодишната победничка во шуто, Славица Ангелова, а специјална гостинка беше Ангела Игњатовиќ, позната како Бресквица.

Омар за „Гранд“ ги сподели впечатоците.

„Искрено, презадоволен сум. Нема подобро чувство кога ќе добиеш „фидбек“ од публиката, а моите Македонци никогаш не разочаруваат“, изјави тој.

Џафероски го напушти регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“ под чудни околности. Среќата не беше на негова страна и тој го напушти натпреварувањето во пресрет на финалните емисии. Неговиот ментор Ѓорѓе Давид тогаш не го криеше разочарувањето од неговото елиминирање.

Oмар е роден во Чикаго, САД, а живее во Скопје. Студент е на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Завршил нижо (основно) музичко школо во ДМБУЦ “Илија Николовски Луј” во Скопје, на инструмент пијано. Уште од најрана возраст учествува на детскиот фестивал „Супер Ѕвезда“, а беше награден и на меѓународниот арт-фестивал „Езерски Бисери“ во Струга.

Младиот пејач кој си посакува кариера како онаа на Тоше Проески веќе има богата музичка биографија. Учествувал на повеќе локални, регионални и училишни натпревари и има освоено видни резултати. Посетувал часови во Академијата за естрадно пеење и има бројни настапи на домашни и меѓународни фестивали. 

Следни Објави

Кога можела Маргарет Тачер, можам и јас: Бојана кажа што мисли за домаќинките

Познатата пејачка и водителка Бојана Скендеровски неодамна гостуваше во заедничкиот поткаст на Стефан Лазаров и Зоран Василевски, а нејзиното мислење на една исклучително интересна тема сега стана вирално. Запрашана од домаќините на шоуто што мисли за македонските домаќинки и дали се’ повеќе жени зборот домаќинка навистина го сфаќаат како навреда, таа […]