fbpx

Нејзината баба ја знаете сите, а сега првпат проговори за прераната смрт на мајка си

Откако прерано ја загуби ќерка си, единствена утеха за познатата македонска пејачка, водителка и мотивациски тренер Јулија Мациевска е нејзината внука.

Стефанија Начевска е млада актерка која неодамна го сврте вниманието на пошироката јавност откако се појави во турската ТВ-серија „Балканска приказна“ која се снимаше во Скопје. Таа го толкува ликот на Софија, ќерка на еден од најпознатите повозрасни турски актери Ердал Озјагџилар.

Начевска освен за своите професионални успеси, сега првпат одлучи да проговори и за својата мајка, сликарката Андријана Мациевска која пред две години почина од рак на дојка.

„Се’ уште ја чувствувам нејзината поддршка и мотивација кога ќе се соочам со потешкотии, знам дека нејзиниот совет е да одам до крај, да не се плашам и дека се ќе биде онака како што треба, бидејќи јас тоа го можам. Во периодот кога мајка ми беше во болница, во турскиот театар ја спремавме претставата „Галеб“ од Чехов каде ја толкував улогата на Нина Заречна. Тоа за мене беше момент кога ми се случуваше се’ најубаво и најлошо во исто време. Многу сум благодарна на екипата од истата која деноноќно беше со мене и беа моја поддршка, на моите најдобри другари и колеги и на моите професори, на татко ми и неговата сопруга, на сестра ми и моите браќа. Мојот ветар во грб е мојата баба Јулија“, раскажува 25-годишната актерка за „Женски магазин“.

Стефанија вели дека совет од мајка си кој се зарекла дека секогаш ќе го применува е секогаш да си го слуша срцето и да го прави тоа што ја исполнува.

Следни Објави

Го покажа момчето, а сега одбра и венчаница: Сите се прашуваат само едно

Мелиса Зиајдиќ блесна во последната сезона на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Иако не победи, 18-годишната македонска пејачка од прилепското село Лажани ги освои симпатиите на публиката со својот талент, но и со скромноста која ја покажа за време на шоуто. Нејзиното момче често ја придружуваше на снимањата на […]