fbpx

Андријана Јаневска со тажна објава: Секое изгрејсонце ликот твој го има

Популарната пејачка, авторка и професорка Андријана Јаневска сподели емотивна посвета за својата прерано почината мајка.

Јаневска објави и колаж од неколку фотографии. Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост.

Веќе петто лето, петта зима,

Сонцето, мајко, изгрева и заоѓа,

секое изгрејсонце ликот твој го има,

во секоја сончевина, тебе те пронаоѓам.

На мајка ми Нада.

Во едно од своите интервјуа, Јаневска откри дека мајка ѝ починала ненадејно, од мозочен удар, на 62 години.

По нејзината смрт ја компонира нумерата „Летај“, како што изјави во една прилика, за неа, но и за сите кои изгубиле некој близок.

Следни Објави

„Прашуваат чиј производ е Палчо? Па, зарем не се сеќаваме..“

Постојано владини мегафони прашуваат: „Чиј производ е Палчо”? (за кој патем мора да важи презумпција на невиност, се додека не е осуден) Мојот одговор е: на ова распаднато општество, на распаднатиот безбедносен систем, на корумпираното СЈО каде се продаваа и се уценуваше со прислушкувани разговори, на епидемиската корупција. И сега […]