fbpx

„Трчај брат, ќе се удави жената“: Драматични сцени од поплавениот Белград

Невидено невреме синоќа и утрово го зафатија српскиот главен град

Огромно количество дожд наврна во Белград. Водата направи хаос на улиците, од минута во минута граѓаните на социјалните мрежи објавуваат нереални снимки.

Една таква драматична сцена забележале на Петлово брдо, а акцијата на работниците на јавното комунално претпријатие „Градска Чистота“ уште долго ќе се памети.

Имено, како што може да се види на видеото објавено на страницата 192_rs на „Инстаграм“, жена се обидува да пронајде решетка во создадениот порој за да пушти да истече огромното количество вода, но сепак губи рамнотежа и паѓа неколкупати.

„Оди, оди таму брат, ќе се поплави, трчај брат, трчај, жената ќе се удави“, се слуша како млад човек од службениот камион му дофрла на колегата.

На крај, се’ завршува како што треба, а под видеото се редат пофални коментари за овој херојски потег.

Следни Објави

Беше најубавата Југословенка: Животот преку ноќ ѝ стана бајка, па заврши трагично

Во 1966 година таа беше првата Југословенка која дома се врати со титула од најпрестижниот натпревар за убавина „Мис на светот“ кој тогаш се одржа во Лондон. Никица Мариновиќ од Дубровник како претставничка на тогашната СФРЈ го освои второто место и стана прва придружничка на Индијката Реита Фариa. На изборот, […]