fbpx

Роден е во Струмица, жените во Југославија сечеа вени по него: Еве како изгледа сега

Познатиот пејач Владо Калембер сними нова песна со македонски автори.

Поранешниот член на групата „Сребрена крила“, кој инаку е роден во Струмица, ја претстави композицијата „У љубави смо краљеви и просјаци“. Автор на музиката е Григор Копров, а Владимир Дојчиновски го направи аранжманот. Стиховите се дело на Саша Драгиќ.

Освен со специфичниот глас, Калембер ја освои публиката со својата харизма и атрактивниот изглед. Никогаш не сакаше да зборува за љубовниот живот, но секогаш креваше прашина во јавноста бидејќи жените тешко му одолеваа.

„Не секоја жена со која пијам кафе ми е девојка“, повторуваше постојано.

Сепак, познато е дека беше во едногодишна врска со Локица Стефановиќ, но нивната врска на далечина беше осудена на пропаст.

И кога медиумите го прогласија за вечен ерген, Калембер во 2006 година неочекувано се ожени со дури 30 години помладата виолончелистка Ана Руцнер, со која го има синот Даријан. По осум години брак тие се разделија, а се шпекулираше дека причина за разводот е неверство.

Поранешната сопруга на Калембер демантираше се’, а Владо остана во добри односи со неа.

„Има многу заблуди и предрасуди, а тоа што сум голем заводник е една од нив. Ако имав 22 врски, ќе испаднеше дека имам 222. Не се жалам, но тоа е на некој начин малку „напумпано“. Тоа беа такви времиња. Имаше чад, но не и оган“, изјави тој во една прилика.

Следни Објави

Го повикала лифтот, зачекорила и загинала

Клелија Дитано, 25-годишна девојка, завчера починала во раните утрински часови во станбена зграда во градот Фазано во јужна Италија, откако паднала во отворено окно кога вратата се отворила пред да пристигне лифтот. Таа го притиснала копчето за да го повика лифтот, вратата се отворила и зачекорила, не забележувајќи дека лифтот […]