fbpx

Оваа жена не старее: Миланка блеска на „Манаки“, еве како се негува (ФОТО)

Каде што се настаните за филмската уметност, таму е и Миланка Рашиќ. Повеќе од две децении препознатливо ТВ-лице, сининим за оскарите, жена за која јавноста коментира дека е секогаш иста.

Од синоќа е повторно на препознатлив терен, овојпат на Фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“. Националниот сервис нејзе ѝ ја довери задачата за специјалните емисии, директните вклучувања и дневните известувања за време на фестивалот.

Миланка повторно блеска, а во едно свое интервју откри во што е нејзината тајна.

„Веројатно имам среќа со гените, моите родители беа младолики. Не пушам, не пијам алкохол, ни кафе не пијам често. Сакам да танцувам, најмногу латино танци, бачата и салса, сакам да се дружам со духовити, умни и насмеани луѓе! Секогаш сум оптимист и се трудам да го гледам убавото во секој човек. Сакам да учам нови нешта и уживам во секој нов ден. А денот ми е совршен со насмевка, љубов и книга. Книгите и патувањата ми отвораат нови светови“, раскажа Рашиќ.

Фото: Фејсбук/International Cinematographers’ Film Festival MANAKI BROTHERS

Во друга прилика откри дека нејзиниот избор е медитеранска исхрана, многу овошје и зеленчук, маслиново масло, јаткасти плодови, мешунки и житарки.

„Сето ова е посебно добро за здравјето на срцето. Веќе три години секој ден го започнувам со топла вода со лимон и сода бикарбона, што е чист Ц витамин. Потоа лажиче органски бронхи мед од моите пријатели од Кочани. Пијам доста вода и чаеви во текот на денот, зашто факт е дека хидрирањето е најважно. Мора да му помогнеш на организмот да ги исфрли токсините. Не пијам газирани сокови и не јадам брза храна“, откри таа.

Следни Објави

Сара го уби соседот педофил: Кога ја пуштиja на слобода се шокирала

Во 2015 година Британката Сара Сендс слушнала муабети дека нејзиниот 77-годишен сосед Мајкл Плистед ги вознемирува децата на улица. Озборувањата ѝ ги потврдила пријателка која ѝ признала дека Мајкл се обидел да го обљуби нејзиниот син. Сара во истиот момент многу се уплашила за безбедноста на својот син Бредли. Имала […]