fbpx

Жените сечеа вени по него: Ќе се изненадите како денес изгледа славниот Езел

Беше прогласен за најдобар машки модел на светот. Со прекрасно лице и извајано тело, жените едноставно лудуваат по него

Кенан Имирзалиоглу е роден на 18 јуни 1974 година во Анкара, како најмлад од трите деца. Со задоволство се сеќава на своето детство поминато на семејната фарма, играјќи си со кози и овци, трчајќи по ливадите.

Од селото заминал да студира во Истанбул. Со прекрасно лице и извајано тело, агентите не престанале да се интересираат за него, а висината од 193 сантиметри го однела директно на модните писти. Во 2001 година бил прогласен за најдобар машки модел во светот.

„Мојот дедо беше повисок и покорпулентен од мене. Мојот брат и постарата сестра која со тетка ми држи бутик за венчаници во Анкара се исто така високи“, изјави Кенан во едно интервју.

Се гордее со своите бунтовнички денови како и со искуството кое го стекнал во манекенските води. Многу рационално ужива во парите и славата, не дозволувајќи да му го заматат умот и да го издигнат на височини од кои лесно се паѓа.

Тој се прослави со серијата „Езел“, која беше инспирирана од романот „Грофот Монте Кристо“ на Александар Дима.

Малкумина знаат дека има аристократско потекло. Кенан, имено, потекнува од Узун Хасан, кој бил султан во династијата Ан Којунлу.

По вртоглавиот успех во серијата, актерот се посвети на приватниот живот.

Како еден од најатрактивните турски актери, Кенан секогаш им бил интересен на дамите, но никогаш не ја криел својата најголема љубов. Од мај 2016 година е во брак со актерката Сина Кобал со која имаа две деца.

Следни Објави

Почина Иван, остана херој до последен здив: Играше со тумор, освои титула, па му ја ампутираа ногата

На 26-годишна возраст почина Иван Ќоровиќ, поранешниот капитен на јуниорскиот тим на Црвена Звезда и големата надеж на кошарката. Ќоровиќ долго време се бореше со најтешката болест, поради што стави крај на својата перспективна кариера. Беше капитен во генерацијата на Црвена звезда од која произлегоа неколку српски репрезентативци како Борис […]