fbpx

Ви текнува ли на младиот готвач на Канал 5? Болеста го уништи, бара помош од граѓаните

Антонио Јанковски, готвачот кој се прослави со своите кулинарски вештини во шоу на Канал 5 телевизија, води битка со ракот, а сега повторно бара помош од граѓаните.

Јанковски се огласи на социјалните мрежи. Потребни му се средства за лекување, а дел од неговото обраќање ви пренесуваме во продолжение.

„Анализите покажаа една неуспешност од досегашниот третман кој веќе трае предолго и сам по себе напорен и опширен со толку многу боцкања, таблети, серија инфузии и куп шприцеви со медикаменти. Јас не знам како ќе ги обезбедам подобрите нешта и опции, со толку малку време кое можам да го употребам пред да доживеам комплетно атрофирање на дробот и тогаш да биде недостижно и многу поскапо од сега. Следат три месеци кои одат под здравствен фонд, чинат богатство да се среди штетата која секојдневно станува сè поголема.. Терапијата под фондот е нискобуџетна и слаба, недоволна за реална помош, а јас немам приход за повеќе, ниту можам да работам. Па би замолил ако има добронамерници кои сакаат и можат да ми помогнат со финансии да соберам буџет барем за првиот месец, а се’ заедно чини 2.000 евра. Ве молам за малку помош и подадена рака“, напиша тој на „Фејсбук“.

За оние кои сакаат да помогнат, бројот на сметката е: 200004050431223

Антонио пред неколку години проговори за ракот и за својата тешка животна приказна. Тогаш кажа дека по разделбата со сопругата, забележал израсток на телото, а подоцна ја добил страшната дијагноза.

„Кога ќе одиш да си ги земеш резултатите и ќе ти го отворат пликото не треба да ти кажат ништо, оти кога ќе му го видиш изразот на лицето на докторот, не мораш да читаш резултати“, изјави тој во едно постаро интервју.

Следни Објави

Роден е во Струмица, жените во Југославија сечеа вени по него: Еве како изгледа сега

Познатиот пејач Владо Калембер сними нова песна со македонски автори. Поранешниот член на групата „Сребрена крила“, кој инаку е роден во Струмица, ја претстави композицијата „У љубави смо краљеви и просјаци“. Автор на музиката е Григор Копров, а Владимир Дојчиновски го направи аранжманот. Стиховите се дело на Саша Драгиќ. Освен […]