fbpx

Што ќе ми се полни џебови кога срцето ми е празно! Македонка со горчлива исповед

Една мајка која од разбирливи причини не сакаше да го открие својот идентитет, неодамна одлучи да ја сподели својата тажна животна приказна.

Своите егзистенционални проблеми ги дели со своето чедо, со нејзиниот син, вреден и посветен работник на кого му ја посакува целата среќа на овој свет, но, како што вели, во Македонија со сегашните приходи тоа е речиси невозможно.

Нејзината исповед ви ја пренесуваме во целост.

Често знам да се присетам на времето кога со една плата можеше да се замине на одмор, кога можевме да купиме мебел и пак да останат доволно пари за храна и за сметки. А сега? Живееме крпен живот! Кога ќе се отвори дупка, се молиме да ни стигне платата или пензијата до средина на месецот, да можеме да преживееме и да ги платиме сметките, па ако останат пари да се купи храна.. Ако не, пак ќе позајмуваш, и сѐ така во круг.

Имам двајца синови. Едниот одамна се ожени и си отиде од дома, но другиот го родив на постари години и тој сѐ уште е со мене. Јас сум пензионер и месечно ми следуваат околу 9.000 денари, а син ми работи во приватна фирма и му давааѕ плата од 13.000 денари. Порано знаев да го прашам:

„Сине, имаш ли девојка, ќе дочекам ли да ти играм на свадба?“

Наместо одговор, само тажно ќе ме погледнеше и ќе се повлечеше во собата. Не можев да го разберам зошто така реагира и му се лутев. Мислев, еве ќе живее заедно со мене, а јас ќе им помагам колку што можам. Но, тоа беше мое мислење, а неговото беше потполно различно, а од него срцето ми се кинеше..

Пред некој ден го затекнав порасположен. Седнав до него, го фатив за рака и го прашав:

„Сине мој, како си? Ми делуваш уморно и разочарано. Дали си среќен?“

Молчеше, па едвај изусти:

„Не, мамо, не сум среќен! Ме прашуваш дали имам девојка. Не, мамо, немам. Се чувтвувам бедно и од самата помисла дека треба да ја доведам во нашиот дом каде што нема кујна, каде што креветите се стари, мебелот е стар.. Помислувам, која би сакала да се омажи за мене? Љубов? Само од неа не се живее, љубовта нема да ти даде пари за храна, облека, нема да ти ги плати сметките, само ќе внесе раздор и ќе те уништи..“

Низ моето старо лице полно со брчки се слеа една солза. Не можам да ја опишам тагата која ме обзеде. Го погледнав синот, висок, убав, здрав и силно го стиснав за рака без да проговорам збор.

„Мамо, јас си одам одовде, изговори тој. Знам дека ќе ми биде тешко и мачно, но морам да одам на печалба. Не можам да ти ветам дека ќе дочекаш да ме видиш како младоженец, но секогаш ќе ти помагам колку што можам.“

Тоа ме растажи. Отидов во кревет, легнав и се стуткав. Цела ноќ размислував како можам да му помогнам и дали сум му дала во животот толку колку што му е потребно..

Отиде во Канада, таму далеку. Пред да оди ме поврза со социјалните мрежи за да можеме да комуницираме. Три години се мачеше, но се исплатеше. Конечно се снајде. Со насмевка секоја вечер ми велеше:

„Еј мамо, кога ќе дојдам ќе ти купам сѐ што ти треба за дома, ќе шетаме..“

Бев пресреќна за него, но празна во срцето и душата. Наоколу слушав приказни колку ми е мене лесно, синот ми помага, но јас сама во себе си велев: Ех, да е близу до мене. Што ќе ми се полни џебови кога срцето ми е празно!

Следни Објави

Едвај се опорави од трагедијата: Вака денес изгледа Кока од „Подобар живот“

И денес кога ќе ја сретнат на улица знаат да ѝ се обратат со Кока, улогата во култната југословенска серија „Подобар живот“ која дефинитивно ѝ ја одбележа кариерата Јелица Сретеновиќ отсекогаш знаела дека ќе биде актерка, што дури го запоставила средното училиште за подобро да се подготви за приемниот испит […]