fbpx

„Ожени се или ќе ме најдеш мртва“: Зема малолетничка, па доживеа трагедија

Зоран Живановиќ Роѓа пред неколку години се прослави во емисијата „Никогаш не е доцна“ каде публиката го памети како весел возач на автобус.

Сепак, зад насмевката на симпатичниот интерпретатор се крие тешка животна приказна и неволји кои го следат уште од детството.

Како што изјави за „Гранд онлајн“, на рана возраст ги загубил и двајцата родители, а она што ја одбележало неговата младост е принуден брак. Имено, само неколку месеци по смртта на татко му, мајка му го принудила да основа семејство.

-Не бев ни полнолетен, ни војска немав служено, а таа дојде и ми кажа: „Само ожени се да не бидам сама“. Подобро да се ожениш, оти ќе ме најдеш мртва“. И така се случи, јас имав 18 и пол години, а таа неполни 16. По се’ што веќе доживеав, тоа ми беше страшно-призна пејачот во таа прилика.

За жал, тој и неговата сопруга немаа среќа да имаат деца, а подоцна животот му го одбележа тешка сообраќајна несреќа во која го загуби најмилиот член од семејството. За деталите од несреќата своевремено проговори за „Гранд“.

„Се враќавме од забава кога некаде кај Пеќинац ни налета шлепер. Имавме тешка несреќа, мајка ми загина, сопругата имаше отворена скршеница на левата и на десната нога, а јас имав тежок потрес на мозокот. Јазикот буквално ми висеше“, се присети Роѓа на кобната ноќ кога со брза интервенција на хирурзите повредите му биле успешно санирани.

Следни Објави

Исповед на Дивна Пешиќ за преживеаниот хорор: Слепата правда го ослепи татко ми

На македонската олимпијка и сликарка Дивна Пешиќ Грозданов стрелаштвото ѝ е болна точка во изминатава речиси една деценија. Како што вели, нејзиното семејство доживеало невидена неправда, па, иако имала можност да биде тренер и инструктор во најголемото стрелиште во Њу Џерси, тоа никогаш не го сторила. Апелацискиот суд Скопје лани […]