fbpx

Кога ми умре детето, мислев дека никогаш повеќе нема да пеам: Болна исповед на Тијана

Тијана Бошковиќ (45) ги расплака гледачите на шоуто „Никогаш не е доцна“ со својата тешка животна приказна.

Таа низ солзи откри дека пред неколку години ѝ починал синот.

Родена е во Ниш, но долго време живела со семејството во Франкфурт. Иако е исклучително позитивна личност, под нејзината насмевка се крие болка која не поминува.

Кога се омажила во 2004 година престанала да пее, а веднаш потоа се соочила со најтешкиот период во животот- загубата на синот кој се родил со тешка болест и кој водел тешка животна битка до последен здив.

„Јас имам две деца. Новак беше третото. Секогаш ми е тешко кога зборувам за ова. Се роди во 2011 година во Франкфурт со еден синдром. Беше многу тешко, сè уште ја имам таа грутка во грлото, но кога се случи сфатив дека живот е само еден. Кога ми почина детето, мислев дека никогаш повеќе нема да пеам“, низ солзи раскажа.

Кога излезе на сцената, Тијана доби голем аплауз и поддршка од публиката, а Жика ѝ упати трогателни зборови.

„Сега ја гледав публиката, сите не’ расплака со својата приказна. Ова се некои трагедии кои се случуваат во животот, никогаш нема да знаеме зошто се случиле. Но, многу е важно што кажавте на крајот, дека човек од секоја трагедија мора да најде сила во себе, да се објасни и да најде енергија да го продолжи патувањето. Убаво е што ве имаме овде“, ѝ порача тој.

Тијана на публиката ѝ се претстави со песната „Dođi što pre“. Жирито имаше само пофални зборови.

Следни Објави

Денеска е еден од најтажните православни празници: Се верува дека ОВА ќе ви помогне

За Македонската православна црква и нејзините верници денеска е еден од најтажните празници. На денешен ден тие се сеќаваат на Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урбан, Наркис, Апелиј и Аристовул. Покрај 12-те врховни апостоли, Христос испрати уште 70 други да го објавуваат спасението на сите нешта. Меѓу нив беа и овие, […]