Овој одмор ќе го памети дур е жив
Италијанецот Кристијан Кастања доживеал навистина несекојдневно доживување на една од грчките плажи.
Додека си пливал во плиткото, во еден момент почувствувал нешто лигаво на телото. Ни на крај памет не помислувал дека може октопод толку цврсто да му се залепи на грбот.
На видеото кое стана вирално се гледа како Кристијан со судни маки се обидува да го симне животното од себе, па на помош му приоѓаат уште неколкумина кои во во тој момент се нашле до него во водата.
Снимката предизвика лавина коментари. Додека едни се воодушевени од глетката на морското суштество, други пишуваат како не би издржале ни минута во една ваква непријатна ситуација.