Човекот што го запознала има 46 години и ги финансира сите нејзини барања. Тој ѝ плаќа стан, скапи патувања, козметика и облека..
Расте бројот на девојки кои бараат спонзори и не се срамат јавно да зборуваат за тоа. Една од нив е и оваа 22-годишна девојка која за медиумите проговори за односот со нејзиниот спонзор.
Човекот што Клариса го запознала во еден трговски центар во Австралија има 46 години и ги финансира сите нејзини барања. Тој ѝ плаќа стан, скапи патувања, козметика и облека, а секоја недела и дава повеќе од 2.000 евра џепарлак.
Клариса вели дека нејзиниот спонзор е малку срамежлив, но многу убав. Таа тврди дека со него спиела само два пати и дека тој ја бара за вечера само еднаш неделно.
Нејзиното семејство ја поддржува во тоа и ѝ порача да ужива во животот.
Нејзиниот спонзор досега платил неколку скапи патувања, а благодарение на него ги видела Европа и Јужна Африка.
Австралијката тврди дека ќе ја прекине врската со спонзорот штом ќе се заљуби.