fbpx

Штедела и за само три години си купила стан: Сега откри и како

Оваа жена воодушеви многумина со својот начин на штедење, а секој што има доволно голем приход да ги покрие сите основни животни трошоци може да заштеди на овој начин

Чери Хауи, девојка од Нов Зеланд, стана вистински хит на интернет откако сподели едноставен трик со кој заштедила пари за нов стан за само три години. Својот „рецепт“ го откри во една фејсбук-група каде воодушеви многумина со начинот на штедење.

Хауи си купила нов стан во Оукленд.

„Мајка ми ме научи како да си го организирам трошењето на парите“, вели таа.

Во што е тајната?

Оваа жена советува парите што ги заработувате да си ги поделите на три различни дела. Првиот е да се платат сметките за вообичаените трошоци како што се комуналии, кирија, транспорт, неделен џепарлак.. Вториот дел од парите треба да го одвоите за одење на фризер, купување облека и обувки, подароци, за одење на лекар. А третиот дел се става настрана за „нов стан“ или за некоја друга цел.

Таа вели дека е многу важно да се држиме до овие поделби и да не се троши повеќе од планираното.

„Немојте да паѓате во искушение и да трошите пари на намирници или обратно, важно е да се држите до она што сами го поставивте“, советува Чери и објаснува дека на овој начин не мора да се штеди за стан, туку за она што одредена личност најмногу сака, како патувања или нов автомобил на пример..

Значи, „само“ е важно да имате доволно голем приход за да можете да ги поделите парите на три различни купа, завршува таа.

Следни Објави

Утре е важен празник за жените: Еве што треба да направите!

Утре е Положување на појасот на Пресвета Богородица. Жените овој празник го минуваат во строг пост и молитва, за полесно да раѓаат, а оние кои не можат да имаат деца одат во црква или манастир посветен на Богородица и ја молат за милост. Велат дека со молитвата жените кои не […]