fbpx

Им дадов сѐ во животот, сега едвај преживувам: Еве како моите чеда ми враќаат!

Каков однос имате со своите родители? Дали им помагате и колку? На оваа тема веројатно ќе почнете интензивно да размислувате, откако ќе ја прочитате оваа поразителна исповед на една пензионерка, мајка на две деца, добро ситуирани.

„Имам возрасни син и ќерка. Сопругот и јас им помагавме во сѐ, од учење до купување на куќи и чување на внуците. Денес живеам сама, сопругот почина пред неколку години.

Имам мала пензија, едвај ги покривам основните потреби. Понекогаш кога купувам лекови, буквално морам да се откажам од храна. Децата се свесни за мојата ситуација, но ниту во еден момент не се понудија да ми помогнат.

Еднаш им најавив дека не е лошо да партиципират во плаќањето на месечните сметки, секако ним ќе им остане станот кога ќе заминам на оној свет. Синот се правеше дека не разбира што зборувам, а ќерката ми нагласи дека едвај ги плаќа своите сметки.

Ниту еден од нив не користи јавен превоз, имаат скапи автомобили. Летуваат секоја година на скапи места и во скапи хотели. Ќерка ми секој месец купува нова облека, својата ќерка ја опсипува со пари. Детето за џепарлак добива поголем износ, отколку што мене ми останува од пензијата.

Кај синот во куќата сите пари ги контролира снаата. Тој и кога би сакал да помогне, таа не би дозволила. Кога сосетката гордо ми раскажува како нејзините деца ѝ плаќаат летување секоја година, ѝ носат храна и ѝ ги плаќаат сметките, буквално сум навредена. 

И јас направив за своите деца исто што и таа. Некогаш од неа позајмував пари, но веќе не, се плашам дека ќе ме праша зошто моите деца не ми помагаат.

Јас на своите родители им помагав колку што можев. Никогаш не отидов кај нив со празни раце. Им помагав физички и финансиски. Дали јас не успеав да ги воспитам децата како што треба?

Немам ништо заштедено, затоа што сопругот и јас ништо не чувавме, сѐ им дадовме на децата. И ете како ми враќаат!“

Следни Објави

Струмица тагува по Панче: Нека почива во мир!

ИН МЕМОРИЈАМ По кратко боледување почина шаховскиот мајстор Панче Шарламанов. Беше еден од најдобрите шахисти во Струмица, роден 1960 година, легенда на струмичкиот шах, почесен член, еден период и учител на ШК „Цареви Кули“ во Струмица, пишува „Струмица нет“. Играл со многу познати шахисти во СФРЈ, до крај докажа дека […]