fbpx

Ќе ве изненади: Откриена тајната на Лепа Брена

Не ѝ е лесно, на шега коментираат фановите

Една од најголемите ѕвезди во поранешна Југославија, славната Лепа Брена, конечно призна што ја мачело со години.

Таа неодамна откри дека го мразела своето уметничко име, иако речиси никој не ја знае како Фахрета Јахиќ.

– Да знаев на почетокот на кариерата дека ќе достигнам толкава популарност, би учествувала во осмислувањето на мојот прекар. Брена го измисли мојот тренер по кошарка. Додека играв, девојките во тимот имаа кратки имиња, а моето му беше тешко да го изговори, па наместо Фахрета ме „крсти“ Брена – откри пејачката.

Подоцна, легендарниот телевизиски и радионовинар Милован Илиќ Минимакс го комплетирал нејзиното уметничко име.

Следни Објави

Ништо нема да биде исто: Бајага скршен од болка по смртта на Ненад

Познатиот басист Ненад Стефановиќ Јапанац почина на 62 години. Со години соработуваше со бројни големи имиња на југословенската сцена – „Бајага и Инструктори“, „Бијело дугме“, Оливер Мандиќ, „Пилоти“.. Неговите пријатели со емотивни пораки се простуваат на социјалните мрежи, а меѓу нив и Момчило Бајагиќ. „Драги пријатели, минатата година ја испративме […]