fbpx

По пет години Нада е конечно бремена: Се заразив со корона, па ја дознав убавата вест!

Бременоста ѝ се случила баш во моментите кога дознала дека е позитивна на коронавирусот

Познатата српска актерка Нада Мацанковиќ по вторпат ќе стане мајка, како што самата вели, после пет години исклучително тешка борба повторно да се реализира како родител.

„Судбината така сакала. Мене оваа бременост ептен ме изненади. Пет дена откако се тестирав за корона, направив и тест за бременост. И двата беа позитивни. На почетокот ми беше многу стресно, не знаев дали се’ ќе биде во најдобар ред, дали плодот ќе преживее. Првите три месеци се’ прифаќав со резерва, никому ништо не кажував“, раскажува убавата актерка за магазинот „Меѓу нас“.

За среќа, короната ја прележала со благи симптоми.

Мацанковиќ е во брак со поранешниот репрезентативец, а сега тренер на одбојкарскиот клуб Партизан, Бојан Јаниќ. Тие веќе го имаат синот Милутин кој веќе има актерско искуство кога беше одбран да го глуми синот на Милош Биковиќ во популарната серија „Јужни ветар“.

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Милена, срам да ти е! Од жртва стана најомразената личност во Србија

Милена Радуловиќ, младата актерка која прва се охрабри јавно да проговори за силувањето и за сексуалното вознемирување од страна на професорот по глума Мирослав Мика Алексиќ, повторно е во фокусот. За разлика од пред неколку месеци кога цела Србија застана во нејзина одбрана, сега сите ја нападнаа на социјалните мрежи […]