fbpx

Танцуваше со инфузија, беше синоним за храброст: Солзи за Меланија

Имаше само 26 години, а нејзината битка со леукемијата ја снимаше од првиот ден.

Меланија Мешиќ беше синоним за храброст, ретко позитивна девојка која и во најтешките моменти знаеше да се нашминка и да заигра додека прима инфузија.

Не успеа да ја победи болеста, но за неа дефинитивно уште долго ќе се зборува.

Симпатичната загрепчанка беше прва Ромка која студираше на Сплитскиот универзитет и активистка која се бореше против диксриминација на својата заедница.

„Беше талентирана, духовита, интелигентна и преубава. Се гледаме во некој друг универзум“, напишаа нејзините блиски другарки скршени од болка.

Меланија во 2017 година се опорави откако нејзиниот брат донираше матични клетки, но подоцна болеста ѝ се врати.

На социјалната мрежа „Тик Ток“ на која ја следеа преку 50.000 луѓе редовно објавуваше инспиративни видеа наменети за оние кои водат иста или слична борба, но и за сите оние кои изгубиле некој во животот.

Фото: Инстаграм/ТикТок Принтскрин

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трагедија: Пронајден мртов популарниот пејач од „Никогаш не е доцна“

Поранешен натпреварувач на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“ е пронајден мртов. Пејачот починал утрово во Макарска, откако синоќа одржал концерт за паметење. Безживотното тело на популарниот Милутин Сретеновиќ Срета во хотелската соба го пронашол колега од бендот кој го придружувал. „Шокиран сум. Изгубивме прекрасен човек и врвен уметник. […]