fbpx

Шок! Естрадата во солзи: Се случи она најлошото

Не стивнуваат реакциите по ненадејната смрт на 57-годишна врвна пејачка и музичарка Лана Токовиќ.

Нејзините соработници во неверување и шок се простуваат од неа.

Познатата српска пејачка Тања Бањанин е неутешна по смртта на својата блиска колешка и пријателка.

„Се случи она најлошото. Умре уште една моја прекрасна другарка. Мојата Лана. Натпросечно интелигентна, талентирана, интиуитивна, неповторливо духовита.. Ах, многу ќе ми недостига. Збогум“, напиша Тања на социјалните мрежи.

Токовиќ е родена во Белград во 1966 година. Студирала пијано и соло пеење, а професионалниот ангажман го започнала на 16 години, прво во Студио 13, а потоа во Студио 6 на Радио Белград, каде станала најмладиот продуцент и музички уредник.

За многу кратко време таа стана најмладата солистка на џез оркестарот на Радио Белград, но реши да се посвети на професијата продуцент. Сними преку 40 постојани снимки за звучната библиотека на Радио Белград.

Таа е основач на музичката група „Лана и Алдо“, со која има издадено седум музички проекти и беше долгогодишен соработник на издавачка куќа ПГП РТС.

Со својата група одржа голем број самостојни концерти, а освои и награди како композитор, вокален изведувач и текстописец. Пишуваше музика за театарски претстави, цртани филмови и реклами.

Лана почина вчера на ВМА во Белград, а според последните сознанија на медиумите причината за смртта е сепса поради која пред две недели паднала во кома.

Следни Објави

Го славиме Св. Атанасиј Велики: ВАКА ќе го заштитите домот од несреќа

Го славиме Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие. Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте… Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај […]