fbpx

Трагедија: Пронајден мртов популарниот пејач од „Никогаш не е доцна“

Поранешен натпреварувач на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“ е пронајден мртов.

Пејачот починал утрово во Макарска, откако синоќа одржал концерт за паметење.

Безживотното тело на популарниот Милутин Сретеновиќ Срета во хотелската соба го пронашол колега од бендот кој го придружувал.

„Шокиран сум. Изгубивме прекрасен човек и врвен уметник. Оваа турнеја Mostar Sevdah Reunion беше многу значајна за него. Вечерва требаше да настапи во Шибеник, а утре во Трогир“, им изјави на медиумите Томислав Кашљевиќ, продуцентот на концертите.

Сретеновиќ имаше 74 години.

За шест месеци починаа дури четворица интерпретатори кои се прославија во шоуто „Никогаш не е доцна“.

На 62-годишна возраст битката со коронавирусот ја загуби Драган Милојевиќ-Јапанац, а по тешко боледување почина и финалистот од првата сезона Милорад Павловиќ Арса (63) на кого лани му беше дијагностициран канцер на белите дробови.

Се простивме и од победникот во првата сезона на „Никогаш не е доцна“ кој беше пронајден мртов во неговиот стан во Германија. Станоје Станковиќ, многу попознат како Кале Дијамант, имаше само 54 години.

Фото: Принтскрин Јутјуб

* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

(ФОТО) Мими кажа „ДА“, фановите воодушевени од прстенот

Се вери младата македонска пејачка која се прослави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“. „Милион пати ДА“, напиша велешанката Мими Јовановска под фотографиите на кои гордо го покажа прстенот. Мими и нејзиниот избраник се заедно повеќе од три години. Филип Нунески е докажан музичар, дел од братското дуо „Нуне брадерс“ кое […]