fbpx

Господ е голем: Оперирана е Ина, девојчето кое нè обедини сите

Оперирана е Ина, шестгодишното девојче за кое цела Македонија собираше донации.

„Од срце за Ина“ беше насловен апелот за помош, а денеска пристигна информацијата дека успешно ѝ е отстранет туморот кој ѝ предизвикуваше епилептични напади.

„Здраво на сите! Сакаме да споделиме една убава вест со сите кои помогнавте за малата Ина. Операцијата беше успешна, се’ помина во најдобар ред, Ина е супер – закрепнуваме. Уште еднаш од се’ срце да ви се заблагодариме на сите што на било каков начин ни помогнавте. Господ е голем, ќе ви врати на сите“, напиша Ивица Илиевски на „Фејсбук“.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Кобна грешка на другарите на Матеј: Овој детаљ го сокриле од полицијата

Биле во паника, па значително ја отежнале истрагата Извори од српската полиција блиски на истрагата претпоставуваат дека друштвото на Матеј од страв направило катастрофална грешка. Тие сметаат дека пријателите на Периш намерно чекале повеќе од 12 часа пред да го пријават неговото исчезнување за да се исчистат од недозволените супстанци. […]