fbpx

Не починала од алергија: Познато од што умрела девојката на Халкидики

Резултатите од форензичката истрага за причината за ненадејната смрт на 16-годишната девојка на Халкидики покажале дека причина за смртта не била алергиска реакција на храна, туку аспирација на стомачна содржина.

Се’ уште се чекаат резултатите од лабораториските испитувања и тие треба дополнително да ги расветлат околностите на смртта на тинејџерката, пишуваат грчките медиуми.

Според мајката на несреќната тинејџерка, таа била во Ханиоти со пријателите на одмор. Тие излегле на забава во вторникот вечерта, а потоа заминале да јадат во локалниот ресторан за брза храна во раните утрински часови во средата.

„Ќерка ми јадела виршла, но е алергична на млечни производи и отсекогаш била внимателна кога конзумира храна надвор. Не знам што точно се случило, и дали има нешто млечно во тоа што го изела“, вели неутешната мајка.

Таа додава дека девојката колабирала веднаш штом го изела хот-догот.

Една од нејзините пријателки веднаш истрчала во собата каде што престојувале да ѝ донесат лекови, а во исто време повикале брза помош.

Меѓутоа, според мајката на жртвата, помошта пристигнала по 45 минути, кога веќе било доцна.

„Според првичните сознанија моето девојче доживеало алергиски шок и починало. Таа беше најубавото дете и почина на само 16 години без помош. Во Здравствениот дом два пати се обиделе да ја вратат, но не успеале“, низ солзи раскажува мајката.

Неутешената жена додава дека не знае зошто ѝ требало толку време на брзата помош да пристигне на местото на настанот.

„Било пет часот наутро, немало метеж“, забележува таа.

„Прототема“ јави дека 16-годишната девојка во изминатите неколку години примала лекови затоа што страдала од епилептични напади. Наводно прашала дали храната содржи состојки кои ѝ биле забранети, бидејќи е алергична, пренесува истиот медиум.

Наводно во ресторанот ѝ дале негативен одговор, а откако девојката го конзумирала оброкот доживеала алергиски шок.

Следни Објави

Животот не ме галел: Водителката на „Брза кујна“ си ја отвори душата

Мене животот не ме галел, но не се жалам, тоа веројатно ме направило посилна, вели шармантната Сања Савеска, водителката на популарното ТВ шоу „Брза кујна“ на телевизија Сител. Во интервју за „Слободен печат“ објаснува дека, за жал, животот не е розов и реалноста не е „Инстаграм“. „Болката ми ја нанеле лоши и […]