fbpx

Беше голем пријател: Почина Ацо Пулески, имаше само 49 години

На 49-годишна возраст, синоќа во Охрид почина поранешниот медиумски работник Ацо Пулески, информира порталот „Охрид прес“.

Своевремено беше дел од екипата на охридското „Супер радио“, а работеше и во други локални медиуми. Важеше за голем пријател, секогаш насмеан и позитивен човек, во секое време расположен да помогне и да подаде рака, пишува истиот портал.

Посмртните останки на Пулески ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид, утре, во периодот од 14:00 до 14:30 часот.

Следни Објави

Тажен ден во домот на Стефан Богоев: Трогателна посвета за татка си

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, сподели тажна вест на социјалните мрежи. Почина неговиот татко, новинарот Владимир Богоев, еден од основачите на “Дневник”. Со трогателна посвета тој се прости од него. Истата ви ја пренесуваме во целост! ПАМТИТЕ МЕ ПО ПЈЕСМАМА МОЈИМ… Си замина мојот татко, а ваш другар и […]