По кратко боледување, вчера на седумдесетгодишна возраст почина познатиот охридски бизнисмен, хуманист и општественик Венко Шапкар.
Оние што го познаваа ќе го паметат како мецена на охридскиот спорт, хуманист, донатор и промотор на Охрид пред луѓе од светскиот бизнис, пишуваат локалните медиуми.
„Што и да се напише ќе биде малку и недоволно. Едноставно со смртта на Венко Шапкар Охрид и Македонија изгубија бескрајно драгоцена личност, тој беше премудар за времето во кое твореше и живееше. Почивај во Мир голем човеку, горд сум што имав пријател како тебе“, пишува Сашо Денесовски.
Венко Шапкар е роден во Охрид во 1953 година. Својот работен век го започнал како новинар, а потоа обавувал повеќе опшествено-политички функции. Беше голем љубител на спортот, го основа најтрофејниот кошаркарски тим „АМАК СП“, основоположник е на модерното едрење во Охрид кога во 2001 година го озобнови ердиличарскиот клуб „БОФОР“, како директор и сопственик на АМАК Охрид. Венко Шапкар посебен акцент ставаше на младите во Охрид, се појавуваше како мецена-добротвор на сите културни настани во Охрид и пошироко, еден од поголемите хуманисти кои ќе го памети Охрид и Македонија. Венко Шапкар посебно беше љубител на убавата фотографија, фото-апаратот претставуваше негова животна пасија, буквално нема мотиви од Охрид и Македонија кој Венко Шапкар не ги фотографирал и овековечил, пишува „Охрид скај“.