fbpx

Пред десет години ѝ го спасил животот: Девојче го прекина концертот на Ацо Пејовиќ (ВИДЕО)

Концерт на Ацо Пејовиќ во Босна за момент бил прекинат, а причината ги расплакала сите присутни.

Алмира ненајавено се појавила на сцената за да му се заблагодари на познатиот пејач кој пред десет години ѝ го спасил животот донирајќи за нејзиното лекување.

Пејовиќ не знаел што го чека кога водителот му се обратил дека има изненадување, а кога го слушнал името на девојката не можел да ги задржи солзите.

„Имаме одлична причина да го прекинеме концертот. Колку го сакате Ацо? Луѓе, после ова ќе го сакате уште повеќе. Многу луѓе ме замолија вечерва да се сликаат со него, но на само една девојка тоа ќе ѝ биде дозволено. Една девојка ќе се слика, се вика Алмира. Ова е фотографирано пред десет години, Ацо и Алмира“, рекол водителот.

„Ацо, се сеќаваш? Ти плати за нејзиното лекување и помогна да ѝ се спаси животот. Таа е тука вечерва и сака да ти се заблагодари на многу скромен и симболичен начин“, додал тој.

Пејачот силно ја прегрнал девојката, а потоа ја подигнал и ја бакнал.

Оваа сцена ги расплакала сите присутни, па слесувал долг аплауз.

Следни Објави

Проверете! Ако славите роденден на овие три датуми, имате посебна животна мисија

Според мислењето на астролозите, луѓето родени на овие три датуми имаат голема моќ и влијание, но и посебна животна мисија Астролозите велат дека датумот на раѓање го одредува нашиот живот. Положбата на ѕвездите во моментот на нашето раѓање има огромно влијание на нашиот животен век. Според нив, луѓето родени на […]