fbpx

Тажен ден, колегите се простуваат: Почина Симон Илиевски

Тажна вест споделија од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

По кратко боледување, на 66-годишна возраст почина новинарот Симон Илиевски.

Беше еден од доајените на охридското новинарство. Како новинар и дописник од Охрид за повеќе редакции остави огромен број новинарски натписи, радио и тв прилози, документарни и други емисии.

Со новинарство почнал да се занимава уште од средношколските денови пишувајќи во гимназискиот весник „Јужен бран“. По завршување на студиите по новинарство во Скопје, пишувал за „Студентски збор“, белградски „Студент“ загребски „Студентски лист“, словенечките „Трибуна“ и „Катедра“, како и за весникот Младост, а кратко соработува и со Македонската радио телевизија. Дописник беше и на други македонски и југословенски медиуми.

Симон Илиевски беше претседател на Регионалната канцеларија на Здружението на новинари Охрид-Струга до 2010 година кога целосно се повлече од новинарството и почна со работа во службата за односи со јавност во Општина Охрид.

Тој беше исклучително почитуван од колегите несебично пренесувајќи го своето богато искуство на помладите новинари, стои во објавата на ЗНМ.

Следни Објави

Имаше ангелски глас: Светот се простува, познатата пејачка почина на 35 години

Поп-пејачката Захара почина на 35-годишна возраст. Имаше проблеми со црниот дроб предизвикани од долгогодишната зависност од алкохол. Африканската поп-уметница, која се најде на листата со 100 влијателни жени на Би-Би-Си, починала во болница во Јоханесбург, јавуваат јужноафриканските медиуми. Захара, чие вистинско име е Булелва Мкутукана, се прослави во 2011 година […]