Почина Мустафа Дуровски, докажан музичар од Малешевијата кој беше дел и од локалната самоуправа во Пехчево.
Блиски роднини и пријатели со трогателни посвети се простуваат од него на социјалните мрежи.
„Со огромна тага во срцето морам да објавам дека утрово почина мојот шура Мустафа Дуровски. Ни остави голема болка. Нека го чуваат ангелите. Почивај во мир“, објави Зоран Јума.
Со емотивни зборови од Дуровски се прости и Никола Каракашов.
„Ех, колку ми е криво. Продолжи да го веселиш народот и таму горе“, напиша тој.
Фото: Фејсбук
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО