fbpx

Извини, љубов моја, овојпат не стигнав на време: По смртта на Марија се огласи сопругот со потресни зборови

Младата актерка од Параќин, Марија Стеваниќ, која ненадејно почина, завчера беше погребана. Од неа се простија членовите на семејството, пријателите, па дури и оние што не ја познаваа, а пораката со која сопругот Бранислав ја испрати на вечното почивалиште ги расплака сите.

Бранислав, со кого Марија има син, е скршен од болка по трагичната загуба на сопругата. Тој на својот Фејсбук-профил напиша:

„Извини, љубов моја, овој пат не стигнав на време. Не беше родена за овој свет. Не те ни заслужил“.

Сопругот на Марија ѝ посвети и видео составено од нивни фотографии.

„Те сакав како никој досега и ќе те сакам засекогаш! Марија, болко моја“, напиша тој во описот.

На погребот на оваа млада актерка, сликарка, тату-уметница и танчерка присуствуваа огромен број луѓе. Некои од нив се простија од неа со трогателни зборови.

„Кој збор, која мисла, која тага, болка да ублажи. Тишина, само тишина. Животе, малку да не се изрезили? Марија, убаво име си имала“, е еден од коментарите на социјалните мрежи.

Параќин остана без креативна душа, сосетка за пример, посветена мајка, сопруга, ќерка…

„Соседи, не требаше да биде вака! Нека ве чуваат ангелите, се надевам дека „некаде“ ќе го најдете мирот и спокојството што за жал го немавте на овој свет!“, сосетката се прости од младата Марија.

Причината за смртта на младата жена не е позната.

„Верувам во нешто, што е повеќе од човечката потреба за утеха. Со утеха, наспроти стравот од минливоста. Човекот е плод на тоа, плод, а свеста е вкусот на тоа овошје. Тоа нешто ги спречува сите ѕвезди да паднат токму така, хаотично во бездната. Верувам во многу работи за кои луѓето сè уште не размислувале. Штом ќе се сетат на тоа, истото тоа нешто почнува да пропаѓа и барам нешто ново и повистинито“, објави Марија на „Фејсбук“ пред неколку месеци.

Следни Објави

Македонија тагува, замина вистински уметник: Почина д-р Владимир Плавевски

Почина Владимир Плавевски, писател и аматерски фотограф, доктор-специјалист по оториноларингологоја. Плавевски е роден на 11 декември1948 година во Скопје. Со аматерска фотографија почнал да се занимава од својата рана младешка возраст, а со интензивно излагање фотографии на бројни групни изложби дејствува во периодот 1973 до 1990 година. Во седумдесеттите години бил член, а потоа и претседател […]