fbpx

Тања тешко ја прифати смртта на македонскиот пејач Златко Милошевски: Еве што откри таа

Колеги, но и блиски пријатели денеска со трогателни посвети на социјалните мрежи се збогуваат со Златко Милошевски.

Оние што го познаваа имаат само пофални зборови за македонскиот пејач.

„Кога би знаеле што не’ чека и што ќе се случи, можеби би можеле да промениме нешто.. Остана само да се сеќавам на убавите денови поминати со музика и дружба.. Многу боли.. Таму горе да пееш со тоа златно грло, да грмиш како што грмеше и на нашите свирки.. Нека ти е светол патот до вечноста“, напиша на „Фејсбук“ пејачката Милица Кузмановска.

Од популарниот Злате се прости и Драгица Стевковска, популарната Дракче од ТВ-екраните.

Таа на социјалните мрежи каде што ужива огромна популарност напиша:

„Светол пат до вечноста, Злате. Сочувство до семејството“.

„Тажно е да се каже збогум драг колега.. Почивај во мир“, напиша пејачката Јасмина Гуњова.

Крајно емотивната посвета за Злате напиша и неговата пријателка Тања Додева.

„Солзи сами течат, теки се ко планина. Плачат и ќе плачат затоа што беше посебен. Таков естраден уметник ретко се раѓа. Зошто Боже, прашувам. Зошто го одели од нас. Требаше уште многу хитови да ни запее. Но, знам сега си на подобро место каде што нема болка и тага. Пеј горе со ангелите. Вечно во моето срце, другар“, напиша таа.

Причината за смртта не е позната.

Популарниот Злате веќе имал закажано настапи до крајот на месецот.

Следни Објави

Падна одлука! Парите ќе бидат префрлени в четврток, овие граѓани ќе добијат најмногу

Пензиите ќе бидат ислпатени в четврток на први февруари. Од март следува ново покачување. Во меѓувреме, на сметките на илјадници пензионери стигнаа парите од помошта. Средствата за корисниците на право на пензија во висина до 19.000 денари, за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година, изнесува: 3.000 […]