fbpx

Цела естрада во солзи: Ненадејно почина, се огласија од „Гранд“

На 50-годишна возраст ненадејно почина Пеѓа Петровиќ.

Хармоникашот починал синоќа како последица на срцев удар, дознава „Гранд онлајн“.

Познатиот музичар претходно не се жалел на здравствени проблеми, па неговата смрт во шок и со неверување ја дочекаа неговите колеги и пријатели.

По веста за неговата смрт, тие со трогателни посвети се простуваат од својот колега, а меѓу нив и поранешниот учесник во шоуто „Никогаш не е доцна“, Зоран Стојановиќ Поштар. Тој напиша дека чувствува голема болка и тага поради ненадејната смрт на хармоникашот.

„Почивај во мир, Пеѓа, човеку со чисто срце, драг пријателе и голем мајсторе! Рано брат. Ти замина и дел од мене отиде со тебе. Ти должам многу и ти благодарам за се’. Без такви луѓе и мајстори не би бил таму каде што сум денес. Сочувство до семејството“, напиша тој.

На „Фејсбук“ се огласи и младиот хармоникаш Славко Кулиќ.

„Замина мојот пријател Пеѓа на вечен одмор и со себе понесе дел од мојата младост“, напиша тој.

Следни Објави

Зошто нè остави, лаву мој: Сопругата на Дарко со потресни зборови

Дарко Л., 22-годишниот работник кој пред три дена беше повреден во фабрика во Обреновац, утрово почина, пренесуваат српските медиуми. Позади себе остави сопруга и мало дете. Жената на Дарко со потресни зборови се огласи на социјалните мрежи. „Зошто не’ остави, љубов моја, лаву мој, те сакам најмногу на светот“, напиша […]