fbpx

Последни моменти пред трагедијата: Светот тагува по бразилската поп-ѕвезда

Фановите не можат да се помират со смртта на бразилската поп-ѕвезда Мариља Мендонса (26) која лани во ноември загина во авионска несреќа.

Една од најпопуларните пејачки во Јужна Америка го загуби животот кога малиот приватен авион со кој патуваше се урна во југоисточната држава Минас Жераис. Во леталото беа и вујко ѝ, нејзиниот продуцент, пилотот и копилотот.

Само неколку часа пред трагедијата, Мариља објави видео како влегува во авионот среќна и насмеана.

За нејзината мега-популарност зборуваат бројките – над 40 милиони следбеници на „Инстаграм“ и 22 милони претплатници на „Јутјуб“.

Мендонса позади себе остави двегодишен син.

Фото: Профимедија/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Познатата пејачка почина на 22 години, една работа ги шокира сите

Австралиската рап-ѕвезда и јутјуберка Лил Бо Вип март годинава почина на 22 години. Младата музичарка со години се бореше со депресија и со зависност од психоактивни супстанци. Веста за нејзината смрт ги скрши нејзините пријатели и семејството, а нејзиниот татко Метју Скофајлд сега конечно објави што се случило. „Силно се […]