fbpx

Се лекувал во Прилеп: Детали од животот на Тоше кои ќе ве расплачат

На денешен ден пред 16 години загина Тоше Проески. Со извадоци од книгата „Ова не е крај“, авторката и новинарка Соња Алексоска Неделковска лани се присети на легендарниот македонски пејач токму на годишнината од трагичниот настан во кој го загуби животот.

Во книгата, меѓу другото, е раскажано за беспарицата во семејството Проески, за страбизмот на малиот Тоше и за лекувањето во Прилеп..

„Носеше очила и беше многу дисциплиниран. Три години секој ден го носевме во Прилеп на вежби за видот. Имавме пари само за автобуска карта во два правца. Еден ден, пред да одат на вежби влегле со мајка ми во продавница. Пред нив еден човек си купувал вакумирани кикиритки. Тоше ја прашал мајка ми: „Дали еден ден, кога ние ќе имаме пари, ќе ми купиш кикирики“, откри неговата сестра Дора.

Проески загина во сообраќајка на 16-ти октомври. И по 16 години од трагедијата, детали од неговиот приватен живот не престануваат да ја интригираат јавноста.

Оваа жена Тоше ја сакаше најмногу: Долго ги чуваше нејзините пораки

Една негова реченица која ја изговори непосредно пред смртта, остана врежана во нашите срца.

„Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене“, им порача Тоше на обожавателите.

Следни Објави

Огромна тага! Почина еден ден пред роденденот, фановите плачат

Почина Сузан Сомерс, најпозната по улогите во ТВ-сериите Three’s Company и Step by Step. Актерката се упокоила еден ден пред нејзиниот 77-ми роденден, потврди нејзиното семејство. „Сузан почина мирно во семејниот дом во раните утрински часови на 15-ти октомври. Таа повеќе од две децении успешно се бореше со агресивен облик […]