fbpx

Оваа Македонка има милион следбеници на „Инстаграм“: Тоа што го снима го препозна цел свет

Марија Мешкова е вистинска ѕвезда на социјалните мрежи. Таа стана најследената Македонка на популарните платформи, откако се прослави со видеа за учење англиски јазик.

Мешкова е едукатор, предавач, професор по англиски.. Но, она што ја разликува од другите се нејзините интересни видеа за презентација, пристапот што го користи, термините на кои укажува..

Со нејзиниот пријателски и примамлив пристап на едукација, оригиналноста и природниот тон, успеа за многу кратко време да собере голем број следбеници на социјалните мрежи.

– На „Инстаграм“ имам 1,1 милион, на „Тик-ток“ над 560 илјади, а на „Јутјуб“ над 100 илјади следбеници, или над 1,7 милиони луѓе ги следат содржините што ги објавувам. Како што напоменав, многу сериозно го сфатив сето ова бидејќи знам што значат социјалните медиуми денес, особено во индустријата за е-учење. Првите 7-8 месеци не се случуваше ништо, не добивав никакви резултати, а имаше денови кога работев и по 16-17 часа. Истражување, планирање, пишување содржина, снимање, објавување, следење резултати, и така секој ден – без никаков видлив резултат. Но, на почетокот на 8. месец, за неколку дена почнаа да ме следат голем број луѓе и во рок од еден месец ги достигнав овие бројки на „Инстаграм“ и „Тик-ток“ – вели Марија за порталот „Факултети.мк“.

Целиот разговор можете да го прочитате ОВДЕ!

Следни Објави

Го прегрнала, а тој направил нешто шокантно: Вака изгледала првата средба на Коста со мајка си

Коста Кецмановиќ, 13-годишното момче кое на трети мај го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ и со пиштолот на татко му застрела девет ученици и чуварот на училиштето, во вторникот за прв пат по два и пол месеци се сретна со својата мајка. Како што открива извор за српски „Информер“, […]