fbpx

Наставничке, мене ми е срам.. Душко има важна порака до драгите ученици

*** Наставничке, мене ми е срам, но јас ќе можам да се запишам само како ЅИДАР, би ве замолил да не ме прашувате пред сите мои соученици: ,,Што сакаме да бидеме кога ќе пораснеме?“

Знаев. Знаев!!! Ми идеше да врескам, да отидам и да свикам еден ГРАДСКИ РОДИТЕЛСКИ СОСТАНОК!!! Состанок на кој ќе биде повикан ЦЕЛИОТ ГРАД!

Еден родителски состанок на кој ќе бидат присутни сите оние кои на ова дете му всадија СРАМ кон ЗАНАЕТЧИСКИТЕ ЗАНИМАЊА, кон ЧЕСНАТА РАБОТА, РАБОТНИКОТ, МАЈСТОРОТ! Ова за него не е само негова мисла… Тој знае што мислат луѓето околу него. Знае тој со каков презир се зборува и однесува кон мајсторите, работниците во семејствата, училиштата, околината… Тој ова го има научено уште и пред да тргне на училиште… Го има видено сам со свои очи…

*** Зошто молчите?

– Нема да ме прашате за тоа пред сите, така нели? – Ме прашува во ходникот и чека.
Ти благодарам за ова. Но, би сакала сега да се договориме нешто. Ќе те прашам. И барам од тебе најдостоинствено, храбро, со крената глава, да одговориш дека сакаш да станеш ЅИДАР. Јасно?
Останатото препушти ми го мене. Беше исплашен, но ми веруваше.

Го поставив прашањето на часот. Дојде и неговиот ред. Редот на мојот иден ЅИДАР. Точно, се случи тоа од што се плашев, но и тоа што го очекував. Почнаа исмевањата… Браво! Им аплаудирав. Браво! Додека го поставував оваа прашање се молев во себе, дека вие не сте таков клас. Дека сте со поголема свест. Дека нема да има вакви реакции. Длабоко сум разочарана. Од утре настава ќе имаме во училишниот двор. Извикаа од радост со воодушевување, но за кратко…

Но… Надвор има снег… Утре ќе има поледица… Да… Ќе биде смрзнувачка… Им преработија главчињата одеднаш. Но, не правата свест, туку себичната грижа за себе, да не бидат надвор на мразот, туку на топло во училница.

– Да, повторив. А кога ќе се стопи снегот дојдете во гумени чизми, бидејќи настава ќе имаме во настанатата кал. Ќе стоите цело време. Всушност дојдете боси. Бидејќи тие чизми ги имаат направено исто така мајстори занаетчии кои пред малку ги грдевте.

Што ќе ви е училиште? Згради? Куќа? Стан?! Зошто ви треба топол дом?! Тоа целото го изградиле мајстори и ѕидари на кои пред малку им плукате во лице. Зарем дома така ве учат?

Знаете ли дека ѕидарот во секој ѕид што ќе го изѕида, се вткајува и самиот себе?! Бидејќи ги остава таму своите плеќи, своето здравје, своето време?!

Зарем не мислите дека не треба да се биде паметен да се изѕида оваа училиште?
Или кокошарник? Кој дома сам ја изѕида својата соба? КОЈ?! Кој сам си го мести креветот? Замислете да треба да правите сами? Ќе бидете ли способни?

Дали знаете што добриот ѕидар сѐ мора да знае? Зошто дома со своите родители не го разговарате ова? Зошто е по интересен разговорот за парфемот, кошулата или маицата на другарчето или наставникот, дали двапати оваа недела се носела истата и сл. Тоа ве храни, затоа!

Тоа ли е суштината на животот, растот, развојот, учењето, напредокот?! Ова младо момче можеби ќе ја изѕида вашата или мојата куќа. Колку многу треба тој да знае за истата да не напукне или да не се сруши? Не сте за тоа размислувале? Тогаш почнете.

Мајсторите ќе бидат сѐ повеќе платени. Бидејќи е сѐ помал бројот на оние кои имаат способности, спретни раце, а сѐ повеќе на оние со две леви раце кои знаат само.,, install и download” – Да кликаат и клукаат…

Сѐ помалку градители! Сѐ помалку стваратели! Сѐ помалку големи МАЈСТОРИ!

НИКОГАШ НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ДА ТИ ГИ КРАДАТ СОНИШТАТА!!!

Прво те исмеваат, но ти биди истраен, па после тоа исмевачите ќе те набљудуваат, па ќе ти се воодушевуваат… и затоа – СТАНИ ЅИДАР! Биди најдобар во тоа, биди мајстор кој ќе се бара, биди мајстор кој ќе гради за вечност. Биди посебен. Тоа се правите мајстори!!!

П.С. Ако ова би го разбрале и живееле сите наставници, нема така да реагираат нивните ученици. Знам дека ме запамтија, и нека… Децата кои се искривени од нивните родители, на оваа моја лекција се налутија, но поголемиот дел од нив ми пријдуваа и со шепот ми се заблагодаруваа, со солзи во очите изговараа,, Ти благодариме”.

„Зошто?“ Бидејќи нема сите да станат доктори, правници, економисти… А и на докторот му треба ѕидар, како и на секој од нас што му треба доктор.

СИТЕ СМЕ ВАЖНИ! СИТЕ СМЕ ДРАГОЦЕНИ!!!

Превод од хрватски И.А
Превземено од Душко Лунго

Следни Објави

Збогум тато: Тажен ден во Македонија, почина Виктор

Нека му е светол патот Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, сподели тажна вест со своите пријатели на социјалните мрежи. Таа со трогателна посвета се прости од татка си. „Збогум тато. Велеше да се живее со достоинство, чест и образ на земјата, значи да се има мир на небото. До следно […]