fbpx

Лила се вознемири: Срам да ви е! Истиот тој Бог ќе ви суди!

Не знам, веројатно по дома вашите жени и ќерки се светици, зошто очигледно по вашите коментари сите останати се неморални и лесни жени!

Не дај боже да е убава и успешна, е тогаш почнува вистински натпревар, кој поОдвратен и позлобен коментар ќе остави! Па уште си се дополнувате (леле баш така во право си брат…леле што убаво и пиша), мизерии едни мизерни!!!

Па добро, вие имате ли барем малку мозок, емпатија… некакво чувство?! Имате ли сeмејства, роднини,колеги, комшии од кои треба барем малку да ви е срам?! Имате ли?

Па која е таа состојба на умот да седнете и да пишувате одвратни коментари за некој кој за жал веќе не е меѓу живите, а притоа е млада жена, а освен името ништо друго не знаете за неа!

Па она има и родители, семејство кое е во неверојатен шок, преживува трагедија…. Изгубиле дете!

Срам да ви е! А одите во црква, се крстите, се молите на бога, слави славите, наредени икони и светци низ куќа…. Безбожници едни!!!

Ама да си знаете истиот тој бог ќе ви суди, секому според заслуга! Оставете девојката да почива во мир и сочувство до нејзиното семејство за оваа голема и ненадоместлива загуба….

Фејсбук-статус на Лила Стојановска, водителка

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Беше посебен, огромна загуба! Ненадејно почина Марјан Јанев

Новинар, поет, борец за правата на лицата со оштетен вид На 60 години, вчера во Струмица ненадејно почина новинарот Марјан Јанев. Својот професионален ангажман го оствари во Македонското радио, во најголем дел во Трета програма, до заминувањето во предвремената пензија. Зад него стојат бројни прилози посветени на актуелни општествени теми, […]