fbpx

Шок и неверување! Македонска голгота, статус кој боли

Реков денес ќе одморам, нема да гледам вести, најмалку да го чујам името Таче, и ко шо е ред во слободен ден одам на пазарчето позади ТЦ Бисер пошо таму има уште луѓе останато со кои може муабет да се направи.

По пат, излегува жена во години од аптека, притрчува накај мене за да ми каже дека ми ја почитува работата. Во тој муабет на жената почнува да и течат солзи а јас почнувам да се губам бидејќи не знам како да реагирам. И велам ајде смирено а таа ми возвраќа, како бе синко смирено пензијата ми е 12.000 денари види го ќесево до апчиња тежи над 5.000 денари, а да не ти кажувам како преживувам.

Продолжувам понатаму, ме пресретнува возрасен маж, ми вели, ти не беше новинарот, му велам уште сум. Почнува да се нервира и ми вели, ја гледаш она малечката онде во паркот. Е таа бе шефе не е должна да го трпи ова лудило. Почна на школо а ја немам пари тетратки да и купам. Дај кажи им на тие алчните во влада нека остават барем трошки за нас.

По пат влегувам во маркет да купам цигари, внатре гледам мајка и расплачено синче се убедуваат дека смоки не се јадат и дека лижалчето не е убаво. Малиов запнал лижалче сака, и викам на госпоѓата, оставете го мал е ако не е проблем ни богат ни сиромав ќе ми дозволите да ги купам. Госпоѓата ми вели, никако, сопругот ми е во Хрватска не можам да си дозволувам многу, денеска ако му купиш ти утре тој пак ќе побара.

Влегувам во пазар, го слушам муабетот, дошол новинарот , почнува неврзан муабет. Стигнувам до тезгата на чичко Николе почнуваме да се расприкажуваме. Ми ги полни ќесите и му велам чичко Николе немам кеш во мене, ме прекинува и ми вели никаков проблем, кога ќе имаш тогаш.

Секој на своја страна. Јас да ја видам “мајка” од пекарата кај Бисер.

Одам накај автобуска постројка, ми се проближува возрасен маж, ме препознава, и почнува да го фаќа нервоза па ми вели, добро бе Сунаи па биваше толку да не прават малоумни, толку глупи и неписмени, па што сакаат уште ако не кожава да ја одрам и да им ја дадам. Велеа правда ќе има, живот подобар, ете го преколнувам денот кога ги гласав. Ме вработија по партиска линија, прифатив бидејќи немав како да го прехранам семејството. Во прва прилика кога им покажав заби, кога одбив да им потпишам еден документ, ме фрлија ко да сум ѓубре за во контејнер.

Влегувам во автобус, ми се приближува жена во години и ми вели. Ааа одличен си, те следам. Следи неврзан муабет и ми вели, пензијата ми ја скинаа аир да не видат, со таа пензија го школувавме внукот за на факултет, ене го син ми нервен слом ќе доживее не знајме од кај да најдиме пари за да го школуваме. Син ми е со два факултети ама нема партиска книшка, те премолувам ко мој син кажи таму на вестите нека слушнат тие во Влада.

Доаѓам дома не знам дали да ѕвонам кај психолог или да се однесувам ко ништо да не било. Гледам што сум купил: 3 домати, 10тина благи пиперки, две лути пиперки, 4 парчина кромид, 2 парчина прас, 1 парче лук, 1 гранче магдонос, 5 компири, 1 леб, шише вода и сето тоа 780 денари. Лудило!

Не можам ни да помислам како им е на семејства со деца, па кај се памперси, па млеко, па ова е тој живот!

Муабетот ми е, дај некој нека го седне премиерот и неговите први придружници и нека им каже дека доста си го дерат до гола кожа сопствениот напатен народ.

Дај нека престане премиерот озвучен со камери, со однапред сценарио, да се шета по маркети. Ете нека земе еден ден нека се прошета без неговата екипа и нека му стане денот горчлив ко на мене и на многу луѓе, па нека ги слушне маките на граѓаните, на луѓето! Нека престане да се однесува ко најголем шалабајзер па да ја замајува јавноста.

Очигледно народот отрпна, нема верба во ништо па ни во сопствениот живот. Дај нека престанат да гасат нечии животи. Очигледно и народот потона во длабока апатија, а како и не би кога криминалот и корупцијата ни цути од ден во ден се повеќе.

Колку и да се трути човек да остане нормален тешко тоа, станува, мачно, гадно, темно, загушливо!

Изгледа уште долго ќе бидеме во шок и неверување!

Фејсбук-статус на Сунаи Сабриоски, новинар

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Трагедија! Пијан возач ја усмрти Маја, потресни зборови за младата девојка

Во сообраќајна несреќа во Дичмо кај Сплит загина младата хрватска ракометарка Маја Зорица. Истрагата покажа дека пијан 44-годишниот возач влегол во спротивната лента и директно се судрил со возилото во кое биле три девојки, меѓу кои и Маја. „Со тага во срцето и неверување ја примивме веста за трагичната смрт […]