fbpx

Видно ослабен: Врчак денес е непрепознатлив (ФОТО)

Раде Врчаковски-Врчак во раните 2000-ти уживаше огромна популарност кај нас.

Жените го обожаваа, мажите му се восхитуваа на животниот стил, неговото име секојдневно се провлекуваше во тогашните таблоиди.

Несудениот доктор пред речиси една деценија одлучи комплетно да се повлече од медиумите. Неговите блиски пријатели и поранешни соработници велат дека и понатаму снима и компонира во неговото музичко студио, но исклучиво за странски изведувачи.

Нашиот поранешен евровизиски претставник во ноември наполни 42 години. Многумина се прашуваа колку се променил низ годините, па сега конечно „одговор“ на тоа прашање ни даде познатиот фризер и стилист Арменд Рамадани кој на својот инстаграм-профил објави фотографија со некогашниот славен рапер.

Очигледно е дека Врчак видно ослабнал, но и дека го негува оној препознатлив имиџ од почетоците на кариерата кога во мода беше „тетратка фризура“.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Денес е голем празник: Изговорете ја ОВАА РЕЧЕНИЦА за да избегнете несреќа

Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети апостоли Архип, Филимон и Апфија Архип беше еден од Седумдесетте. Апостолот Павле го спомнува во Посланието до Колосјаните и во Посланието до Филимон, нарекувајќи го другар во војувањето. Во градот Колоси центар на христијанството беше куќата на Филимон. Овде христијаните се […]