Времето си го прави своето
Некогашниот пејач на групата „Генерација 5“, родениот брат на легендарната српска пејачка Слаѓана Милошевиќ и големата љубов на познатата актерка и балерина Јелена Тинска денес изгледа непрепознатливо.
Во осумдесеттите години на минатиот век, Горан Милошевиќ важеше за најубавото момче во Белград. Возеше мотор, беше во бенд, девојките едноставно лудуваа по него.
Неговото срце тогаш го украде една од најубавите жени во тоа време-Јелена Тинска. Иако беше постара од него речиси една деценија и имаше две деца, тоа не беше воопшто пречка за нивната љубов. На крајот, сепак, мораа да се разделат поради прељуба на Милошевиќ.
Откако ја напушти групата „Генерација 5“, Горан долго време го немаше во јавноста.
Денес има 64 години, се’ уште компонира, пее и снима спотови. Во продолжение погледнете колку всушност се променил.
Фото: Јуткуб Принтскрин/Инстаграм