fbpx

Врчак објави слика со девојката: Една работа е особено чудна (ФОТО)

Раде Врчаковски-Врчак најави големо враќање на музичката сцена.

Популарниот македонски рапер и продуцент кој во раните 2000-ти уживаше огромна популарност кај нас деновиве во Белград снимаше спот за новиот рефрен со дуото „ДНК“, а сега објави и интересна фотографија.

„Слика од новиот спот со „ДНК“ за песната „Посреќна“ која ќе излезе наскоро. А, може ли ова на сликата да се објасни? Јас сум висок 177см, женската е 174см (ок на штикли е, wide angle камера, ама пак изгледа многу повисока од мене). Не можам да престанам да се чудам. Ве сакам сите!“, напиша тој под фотографијата.

Несудениот доктор пред речиси една деценија одлучи комплетно да се повлече од медиумите. Неговите блиски пријатели и поранешни соработници велеа дека и понатаму снима и компонира во неговото музичко студио, но исклучиво за странски изведувачи.

Нашиот поранешен евровизиски претставник конечно се врати од илегала и најавува многу нови проекти и за домашниот пазар.

Следни Објави

Кој би рекол? Еден од најскромните на естрадата вози „ѕвер“ од 50.000 евра

Познато е дека луѓето од естрадата сакаат скапи автомобили Познатиот босански пејач, автор и продуцент Енес Беговиќ (58) важи за еден од најскромните пејачи во регионот поради што публиката особено го сака, но кога е во прашање возниот парк очигледно воопшто не е скромен. Откако е на музичката сцена, Енес […]