fbpx

Шокантна исповед на познатата пејачка: Живеев во подрум со мртов дедо

Познатата пејачка Гоца Божиновска повторно си ја отвори душата.

Фолкерката која во неколку наврати отворено зборуваше за животните драми што ѝ се случиле, сега ги вознемири обожавателите со уште едно шокантно признание.

Божиновска раскажа низ каков пекол поминала во младоста во периодот кога живеела со една нејзина колешка.

Со Злата речиси истовремено се разделиле од татковците на нивните деца и заедно тргнале во нов живот.

„Само кога ќе ми текне низ што сѐ поминувавме. Неколку месеци живеевме во подрум во кој претходно живеел еден дедо. Кога тој пoчина, семејството одлучи да го издаде просторот. Немаше ни светло, во темница се движевме на допир за да стигнеме до влезната врата. Како да живеевме во мрачна и влажна шупа со мртов дедо. Се сеќавам кога една вечер се вратив дома, ја затекнав Злата во солзи, избезумена се тресеше од страв. Го сонувала дедото, толку ѝ било реално што имала привиденија дека цело време е до неа. Беше страшно, тоа никому не му го посакувам“, раскажа пејачката.

Следни Објави

Свежо време и чести временски непогоди ќе има и во јуни, јули и август

Последните метео анализи на Славчо Поповски за претстојното лето не носат добри вести. Нема да имаме сезона каква што доликува со вистински летни горештини, стабилно време и чести топлотни бранови, како што беше на пример минатото лето, нагласува тој. Оваа година месеците јуни, јули и август ќе поминат во знакот […]