fbpx

Ние сме во најголема љубов, ама.. Еве зошто Игор не сака да биде со Илина

По разделбата со нашата врвна алпинистка Илина Арсова, Игор Џамбазов максимално ѝ се посвети на работата.

Легендарниот актер и шоумен постојано е ангажиран со својот верен музички соработник Гуру Харе, а заедно ќе настапат и на претстојниот традиционален карневал во Вевчани.

Џамбазов во специјалното божиќно издание на емисијата „Нешто конкретно“ повторно си ја отвори душата за разни епизоди од неговиот живот, па се осврна и на љубовниот.

„Јас имав нешто што во книгите го нема, таква врста на наплив, на љубов, на среќа, на страст.. И од сето тоа останаа пар фотографии, неколку поетични размислувања, една песна и спот, но сепак остана нешто.. Нашето беше баш како на филм. Ние сме во најголема љубов, ама нема да бидеме заедно“, порача Џамбазов.

Дека разидувањето едноставно морало да се случи тој раскажа и во едно претходно интервју.

„Далечината. Единственото нешто што може да ја победи љубовта. Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави уште во првите денови на нашата љубов. И конечно, кога короната и официјално не беше пречка за патувања, таа се спакува, во куферот што ѝ го подарив претходниот ден и замина. Исто како во „Бестрага“. Сите приказни исти се, тажни ко оваа“. Сите големи љубови се тажни, но јас сум возрасен човек и научив да се справувам со сѐ. Ги молам сите оние што нѐ сакаа и ја подржуваа нашата љубов, да не бараат виновници. Виновник за сето ова не постои. И понатаму сакам да продолжите да ја поддржувате Илина во нејзините акции, бидејќи таа е една посебна жена со која имав привилегија да бидам скоро три години. Од неа научив многу, а некои нејзини совети ќе ги користам до судниот ден“, раскажа Џамбазов пред една година за „Слободен печат“.

За истиот медиум пред неколку месеци конечно се огласи и Илина. На прашањето за нивниот однос по разделбата, таа откри нешто неочекувано.

„Тоj одбра да не бидеме во контакт. Не сум сигурна дали тоа ги олеснува или ги прави работите потешки. Не е лесно да немаш чувства кон оној што си го сакал и си бил во врска речиси три години. За нашата разделба немаше виновник, така што и нема причина да не бидеме пријатели“, призна Арсова.

Следни Објави

„Грда си, те мразам, убиј се!“ Роза мислела дека е дух, вистината ја шокирала

Бидејќи не можела да најде рационално објаснување за тоа што ѝ се случува, инсталирала камера за детектирање на движења во нејзината спална соба Апликацијата која снима звуци кои се слушаат во текот на ноќта додека луѓето спијат станува се попопуларна. Се разбира, никој не очекува да слушне како некој му […]