fbpx

Во шок сум, не ми се верува: Естрадата плаче, смртта на синот на познатиот пејач ги погоди сите

Не стивнуваат реакциите во регионот по прераната смрт на Армин Беговиќ, 29-годишниот син на познатиот босански пејач, автор и продуцент Енес Беговиќ (58) кој почина денеска во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.

Армин работел во Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина. Неговата сопруга наскоро треба да се породи, пишуваат тамошните медиуми.

Колегите на Енис се шокирани од ненадејната смрт на неговото чедо. Прва се огласи пејачката Гоца Божиновска, инаку блиска пријателка на семејството Беговиќ.

„Во шок сум, не ми се верува. Во сета оваа агонија размислувам дали да му се јавам или да напишам порака. Во тој пекол човек не може ни да одговори“, со растреперен глас раскажува Гоца за „Република“.

Таа добро го познавала момчето.

„Беше спортист, убав дечко. Го познавав лично, кога беше уште мал, не знам што можело да се случи. Знам дека како помал беше болникав, па Енес се секираше, но тоа беше одамна“, открива таа.

Следни Објави

Му почина на раце: Се огласи менаџерот на пејачот, до последен миг бил со синот

Синот на познатиот босански пејач, автор и продуцент Енес Беговиќ (58) денеска почина на 29-годишна возраст. Армин ја загуби животната битка во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, а сега се огласи и менаџерот на пејачот. Како што вели, на Армин му се вратила автоимуната болест од која боледувал претходно, […]