fbpx

Шок по смртта на ѕвездата од омиленото шоу: Три мали деца останаа без мајка

Ѕвездата на шоуто Wild ‘N Out, комичарката Жаклин Смит, почина на 32-годишна возраст, јави TMZ.

Популарната Џеки О починала во Мајами каде што престојувала со нејзината мајка.

Тажната вест ја потврдија и продуцентите на познатото шоу.

„Многу сме тажни поради смртта на Жаклин Смит, попозната како Џеки О, талентирана членка на семејството Wild N Out. Ќе ни недостига и засекогаш ќе ја памтиме. Џеки беше многу сакана од своите колеги во текот на петте сезони во кои партиципираше.

Уште поважно, таа беше прекрасна мајка на три деца. Изразуваме искрено сочувство до семејството“, се вели, меѓу другото, во соопштението до медиумите.

Џеки О позади себе ги остави ќерките Нова и Нала и синот Принс.

Следни Објави

Во недела е Духовден: Жени, никако не правете ја оваа грешка!

Црквениот празник посветен на слегувањето на Светиот Дух на апостолите, кој се празнува 50 дена по Велигден е еден од најголемите празници кои Македонската православна црква ги одбележува. На овој ден, на некои места се организираат поворки во кои учествуваат најубавите девојки од селото. Тие претставуваат русалки, вили настанати од […]