fbpx

Естрадата во шок: Ненадејно почина познатиот рапер

Беше дел од повеќе групи, а работеше и како менаџер

Пол Костик, раперот и член на групите „B Rock“ и „The Bizz“, ненадејно го загуби животот на 57-годишна возраст во неделата во Вирџинија, во куќата каде што живеел.

Неговиот претставник за медиумите вели дека последен пат се слушнале во текот на минатата недела и дека музичарот делувал „слабо“, но добро расположен, што ги оставило во шок неговите блиски.

Пол ќе остане запаметен по големиот хит „My Baby Daddy“ кој своевремено го достигна 10-тото место на Билборд листата, а дури и Ријана еднаш носеше маица со овој натпис, пренесува „The Sun“.

Следни Објави

Се сеќавате ли на „Операција триумф“? Победникот доживеа трагедија два дена пред свадбата

Сигурно се сеќавате на големото регионално музичко шоу „Операција триумф“ кое пред 14 години се емитуваше и кај нас. Иако нашиот Александар Белов беше апсолутен фаворит, на крајот сепак триумфира босанскиот натпреварувач Аднан Бабајиќ. Мислењата на публиката тогаш беа поделени. Додека едни му предвидуваа голем успех, други сметаа дека воопшто […]